Актерката Шерон Стоун јавно проговори за тешкиот период во нејзиниот живот кога доживеала мозочен удар. Стоун се отвори за јавноста за тешкото закрепнување по 2001 година, а во интервјуто за светските медиуми откри дека животот ѝ висел на конец, затоа што доцна се јавила во болница.
Шрон во март годинава го прослави 61. роденден. И покрај бројните успеси, вели дека таа минала низ тежок животен период, а еден од нив секако е оној кога доживеала мозочен удар.
„Мојата баба и мајка исто имаа мозочен удар. И јас имав мозочен удар со деветодневно крвавење во мозокот. Не отидов веднаш во болница, туку дури по третиот- четвртиот ден. Повеќето луѓе умираат за тој период. Јас имав само еден процент шанса да преживеам до операцијата“, вели Стоун и додала дека и самите доктори во еден момент не можеле да дадат точна прогноза дали ќе преживее.
Стоун вели дека не наидувала на доволно разбирање во периодот на закрепнување и дека не било лесно повторно да се врати на снимањето филмови.
„Бев третирана на брутално нељубезен начин. Како од другите жени во мојата работа, така и од судијата кој одлучуваше за старателството над моите деца“, вели Стоун.
По заздравувањето таа минала низ тежок развод со тогашниот сопруг, новинарот Фил Бронштајн, а вели дека се обидувала истовремено да ја одржи во живот и нејзината филмска кариера.
„Со сите сили се обидував да го задржам старателстовот над моите синови. Се обидував нормално да функционирам. Да работам. Морав да се преселам, Изгубив сè. Својот статус во Холивуд“, се присетува актерката.
Стоун освртувајќи се на тој период, се спореди со принцезата Дајана.
„И таа и јас бевме популарни и славни. Таа почина, јас доживеав мозочен удар. И бевме заборавени“, изјавила Стоун.
„Мислам дека никој не разбира колку мозочниот удар е опасен за жените и што сè е потребно за заздравување. Мене ми требаа седум години“, открива Стоун.