Шерон Стоун со хит-реакција по обновената љубов на Бен Афлек и Џеј Ло

На темата за обновената романса помеѓу Џенифер Лопез и Бен Афлек не може да одолеат ниту славните. Своето мислење Шерон Стоун го кажа со само неколку букви со прашалник, што ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи.

Комичарот Мишел Колинс во понеделникот на „Инстаграм“ објави снимка од својот твит за познатиот пар од почетокот на 2000 година, кој се чини дека ја обновува својата романса во последно време.

Оригиналната објава вклучува фотографија од 48-годишниот Бен Афлек и 51-годишната Џенифер Лопез во автомобил, што комичарот ги коментира:

„Џеј Ло е со него околу две недели и тој е повторно врел. Се обложувам дека неговата тетоважа од феникс на грбот полека исчезнува како фотографијата во Back to the Future“.

Во својот одговор на објавата Шерон Стоун се чини дека го кажа гласно она што многумина го мислат, а станува збор за другиот бивши свршеник на Џеј Ло со кого латинодивата неодамна ја раскина врската.

„Да, мислам WTF A-Rod?“, напиша Шерон Стоун (63).

„Ми требаат повеќе вашите мислења во животот“ и „Поради ова секогаш ќе бидеш кралица“, се само некои од коментарите на објавата на Стоун.

Sвездата на „Ниски страсти“ не е единствената славна личност што коментира за повторното обединување на поранешната двојка. Свое мислење за емисијата Today кажа и пријателот на Бен, Мет Дејмон.

„Нема доволно ликери на светот за да ме натераат да кажам нешто за тоа“, се пошегува 50-годишниот оскаровец и додаде дека за патувањето на својот пријател дознал кога се појавиле фотографиите.

„Тоа е фасцинантна приказна, се надевам дека е вистина. Ги сакам и двајцата .Тоа би било одлично “, коментира Дејмон.

Scroll to Top