Шерон Стоун: Таа кобна ноќ ги видов моите починати пријатели!

Шерон Стоун во 2001 година доживеала излив на крв во мозокот и како што самата вели, таа кобна ноќ отишла до рајот и назад.

„Се чувствував како да сум умрела. Џиновскиот вител од бела светлина како да се спушти на мене и, бум! Некако зачекорив во таа величествена бела светлина“, објаснува 58-годишната актерка.

Вечерта кога го доживеала мозочниот излив Стоун живеела во Сан Франциско со својот сопруг, новинарот Фил Бронстајн, од кого се разведе во 2003 година.

Scroll to Top