Шерон Стоун тајно абортирала на 18 години

By

Популарната холивудска актерка продолжува да ги изненадува фановите со нејзините мемоари. Последно на листата со кое глумицата изненади е признавањето дека тајно абортирала на 18 години. Стоун открила дека имала тежок абортус и дека тајно морала да ја премине границата.

„Крварев насекаде и беше многу полошо отколку што очекував. Тоа го чував како тајна и не сакав да кажам на никого. Бев во мојата соба и со денови крварев. Бев слаба и исплашена“, открива Шерон.

63-годишната актерка открила дека останала бремена со нејзиното прво момче. Таа била сè уште тинејџерка во тие моменти. Живеела во Пенсилванија и како што открива, не очекувала да забремени. Заедно заминале на клиника во Охајо, каде и бил извршен абортусот.

Актерката вели дека абортусот не можела тоа да го направи во Пенсилванија. Кога заздравела од интервенцијата, таа се вратила на училиште, а крвавата облека и чаршавите вели дека ги запалила во буре.

Во објавените мемоари The Beauty of Living Twice, Шерон Стоун откри голем број долго скриени детали од нејзиниот живот. Таа раскажа и за траумите од детството и објави дека нејзинот дедо сексуално ја злоупотребил додека била девојче.

Неодамна јавноста дозна и дека нејзиниот пластичен хирург, за време на една интервенција, ја измамил, па и ставил поголеми импланти од договореното.

Претходно таа откри дека била измамена и од режисерот на „Основен инстикт“, кој и кажал дека нема потреба да биде загрижена за сцената „Ниски страсти“ дека публиката ќе ја види без гаќички.

 

 

Ќе ви се допадне

Website https://animepahe.cc: Watch Patema Inverted animepahe Episode Full anime websites

Website https://animefreak.ws: Watch Ani ni Tsukeru Kusuri wa Nai! animefreak Episode 12 boku no hero academia animefreak

Digimon: The Movie (Dub) (https://kissanime.mx/m/w3gz) Episode Full

Website https://animeflv.uk: Watch Nodame Cantabile: Nodame to Chiaki no Umi Monogatari animeflv Episode Full english anime

Myspace: https://myspace.com/animeflixnl

Digi: https://www.digi.com/support/forum/user/animeflixnl