Шесте правила на Том Хенкс за среќен брак

Актерот Том Хенкс вели дека е среќен во бракот со Рита Вилсон, а тоа се должи на шесте правила кои во целост ги почитува. Хенкс и Вилсон се во брак веќе 34 година и велат дека планираат да бидат во долговечна брачна заедница.

1. Не влегувате во брак пред триесеттата година од животот

Том и Рита се запознале за време на снимањето на филмот „Волонтеризам“ далечната 1985 година, кога играле заљубена двојка. Том бил во брак во кој има две деца, а Рита била верена. Но, љубовта пламнала на прв поглед. Во текот на наредните три години, двајцата тајно се гледале, а потоа Хенкс се развел и ја запросил Рита.

Денес Хенкс признава дека првиот брак го направил импулсивно, дека бил млад и дека не размислувал. За да влезете во брак, морате добро да размислите за тоа и свесно да одлучите дали сакате брачна заедница. „Не се венчајте пред да наполните триесет години“, вели Хенкс.

2. Излезете му во пресрет на партнерот, дури и во најкритичните ситуации

Хенкс според вероисповедта е католик, а Вилсон е припадничка на Грчката православна црква. Затоа што Том знаел колку на Рита и значат црквата и верата, тој одлучил да ја промени вероисповедта.

„Се жртвував поради својата жена. Рита има Грчки корени и е припадничка на православната вероисповед, додека јас сум католик. Затоа што го почитувам нејзиното семејство, одлучив да се предадам на православната вера“, признал Том.

3. Поддржувајте се еден со друг

Во текот на годината која ја минале заедно, двојката вели дека минале многу работи, но секогаш се поддржувале еден со друг. Во 1994 година, кога Том го добил својот прв Оскар, тој јавно и се заблагодарил на својата жена.

„Тука сум да и се заблагодарам на жената која секој ден ми покажува што значи љубов!“, изјавил Хенкс.

Во текот на 2015 година, Рита открила дека има рак на дојката. Таа признала дека стравувала дека нејзиниот сопруг ќе доживее некоја нејзина болест и дека тоа ќе се одрази на нивниот брак. Но, тие нејзини стравови биле неоправдани, затоа што Том се потрудил својата сопруга да биде опкружена со уште повеќе љубов и поддршка.

„Се што можев да направам е длабоко да се потпрам на мојата жена, поради нејзината огромна храброст“, изјавил тогаш Том

За среќа, Рита успешно ја победила болеста и поминала без хемотерапија.

4. Правите мали, но убави работи за вашиот партнер

Том и Рита патуваат често. Двајцата го обиколиле речиси целиот свет. Рита секогаш го следи Том во неговите деловни аранжмани. И по неколку години брак, тие сеуште прават мали, но убави работи еден за друг.

„Мојата жена е моја љубовница, поврзани сме на начин на кој ги надминува зборовите жена, девојка или мајка. Не можам да го замислам животот без неа. Често и оставам пораки на телефон или некаде во кујната. И посакувам прекрасен ден или нешто слично. Пораките кои ги правам на машина за печатење. Ги собирам со години таквите машини и ги имам околу стотина. Имам навика и да испратам некоја фотографија во текот на денот. Фотографирам сè околу себе кога таа не е покрај мене и потоа и ги испраќам фотографиите. Што сум јадел, кога сум ја запознал, што ми влегло во окото. Мислам дека таквите работи и се допаѓаат“, вели Том.

5. Сакај го својот сопруг/сопруга, без разлика на сè

Хенкс и Вилсон негуваат некои заеднички навики. Тоа ја засилува нивната љубов.

„Оваа жена ме сака кога бев дебел и кога сум слаб. Ме сака кога сум ќелав и ме сака кога имам коса. Оваа жена ме сака, јас тоа го знам. Поради тоа сум среќен човек“, вели Хенкс.

6. Најважната работа е да ја најдете вистинската личност

Новинарите често го прашуваат Хенкс, која е тајната на неговиот среќен брак. Тој ќе се насмее и ќе одговори: „Тајната е во тоа што сум оженет со вистинската жена. Имав среќа да се оженам со прекрасната Рита Вилсон. Јас сум најсреќниот човек на светот“, изјавил Хенкс.

Scroll to Top