Шон Мендес и Камила Кабело повторно се заедно: уживаат на романтичен состанок во Лос Анџелес

Светските медиуми веќе подолго време пишуваат дека Шон Мендес и Камила Кабело ја обновиле нивната врска, откако заедно беа видени на фестивалот „Коачела“.

Тие повеќе не ја кријат нивната врска откако се фотографирани како уживаат во романтичен состанок во Лос Анџелес. Познатата двојка е уловена како разменува прегратки за време на состанок во клуб за комедии. Говорот на телото на Мендес наводно сугерирал дека тие се повеќе од пријатели додека се насмевнуваат еден на друг и се гледале вљубено, пишува Дејли Меил.

Да потсетиме, парот најпрво ги започна гласините за помирување кога беа фатени како уживаат во многу страстен бакнеж на фестивалот „Коачела“, а подоцна беа видени во Калифорнија како се држат за рака.

„Всушност, Шон и Камила тајно се гледаа со недели, сфатија колку е посебна нивната врска и неколку пати се дружеа сами и со пријателите во последните недели“, изјавил тогаш извор за Дејли Меил.

Инаку, Шон и Камила се запознаа во 2014 година, додека таа беше членка на групата Fifth Harmony, а врската ја започнаа во јули 2019 година, по снимањето на заеднички спот за песната „Señorita“, а оттогаш се речиси неразделни. Меѓутоа, во ноември 2021 година, врската ја раскинаа, а потоа и двајцата се гледале со други партнери, велат изворите.

По раскинувањето изјавија дека имаат намера да останат најдобри пријатели.

„Ја започнавме нашата врска како најдобри пријатели и ќе продолжиме да бидеме така. Многу ја цениме вашата поддршка од самиот почеток и одиме напред“, напишаа тогаш во заедничката изјава.

Scroll to Top