Шон Пен се разведува по трет пат, младата сопруга го остави по година ипол брак

By

Глумецот Шон Пен се разведува со актерката Лејла со која беше година ипол во брак. Таа има 29 години и е само неколку месеци помлада од неговата  30. годишна ќерка Дилан Пен, а две години постара од неговиот син Хопер, 27. Парот последен пат беше виден заедно на 1 август додека пазареа во супермаркетот „Павилјонс“ по ручекот во „Малибу“.

Не е познато зошто австралиско-американската актерка Лејла Џорџ(29) реши да го остави Шон Пен(61) по 15 бурни месеци брак, а таа веќе ги поднела документите за развод, пишува ДејлиМејл. Третиот брак на Шон Пен започна лани во јули, а актерот досега беше во брак со Робин Рајт од 1996 до 2010 година, со која има две деца, а сите го знаат и по неговата прва жена Мадона, со која беа заедно само четири години.

Медиумите велат дека врската на Пен и Лејла имала подеми и падови пред да се земат минатото лето, но и дека тој имаше преполн работен распоред ова лето. Тие всушност и немаа стандардна свадба туку си кажаа „да“ на Зум-конференција на која присуствувале матичарите, неговите две деца и братот на Лејла.

Според еден извор Пен и Лејла биле скарани, а се смириле во текот на ковид-пандемијата, па бракот бил начин тој пак „да си ја врати“.

– Се собраа, а потоа раскинаа, а Шон ја врати – рекол анонимниот извор. – Сфати дека направи грешка и кога почувствува дека може да ја загуби, работеше напорно за да ја врати.

 

Ќе ви се допадне