Шон Пол со концерт во Белград на 22 мај

Спектакуларниот концерт на Шон Пол во Белград ќе се одржи на 22 мај во 2018 година.

 Харизматичниот пејач од Јамајка, добитник на две „Греми“ и четири „МОБО“ награди, е познат по својата импресиовна музичка кариера, во која објавил преку триесетина свои хитови, меѓу кои се и Get Busy, Gimme The Light, We Are Burning, Like Glue, Temperature, She Doesn’t Mind, и другите песни кои соборуваат рекорди на гледаност на „Јутјуб“.

Мултиплатинестиот уметник е автор на преку 200 светски хитови, кои ги изведувал во дуети со некои од најголемиот светски ѕвезди Ријана, Сиа, Бијонсе, Давид Гета, Енрике Иглезијас, Дуа Лип, Кајли Миног, Клин Бандит, Џеј Зи, Сантана и Миси Елиот, кои се меѓу најпривилигираните артисти, и со кои достигнал мултимилионски тираж.

Од тие, 38 песни влегле во првите 100 на американската и англиска топ-листа, 19 песни се нашле на првите 10, додека дури 8 песни стигнале на првото место на споменатата листа!

 

Scroll to Top