Шпанските медиуми пренесоа дека мајката на Џерард Пике, Монтесерат Бернабеу ја удрила Шакира. Колумбиската пејачка неодамна дозна за неверството на бившиот со помладата студентка Клара Марти. Потоа откри и дека свекрвата иако знаела, цело време го криела тоа од неа.
Британски „Сан“ пишува дека Бернабеу целото време знаела за неверството на син ѝ со младата студентка, а шпанските медиуми пишуваат дека најголемата причина зошто нема добар однос со пејачката е затоа што го криела тоа од неа.
„Целата работа зовре кога почна врската меѓу Пике и Клара. Двајцата се криеја во куќата на родителите на фудбалерот во Кабрилс во Шпанија“, тврди шпанската новинарка Лора Фа.
Според пишувањата на шпанските медиуми, извор близок до фудбалерот и неговото семејство, сведочел за физичка пресметка меѓу пејачката и Бербабеу. Извори тврдат дека двете имале две сериозни расправии.
„Бернабеу ја удри Шакира во лице пред Џерард и децата“, велат изворите, но досега ни Пике ни Шакира не ги потврдија овие информации.