Шварценегер, Чак Норис, Крис Браун, ѕвездите кои имале афера па добиле дете

Чак Норис, Арнолд Шварценгер, Крис Браун се дел од ѕвездите кои некои од своите деца ги добиле непланирано, по секс за една вечер. Тие велат дека нивниот живот во младоста бил бурен и непредвидлив, особено на љубовен план.

Дел од бројните афери кои ги имале, резултирале со деца, кои подоцна тие се обиделе да ги сокријат од јавноста.

Крис Браун

Крис Браун е познат како проблематичен пејач. Еднаш имал афера со пријателката Ниа Гонзалез. По нивната афера, Крис Браун ја добил ќерката Ројалити.

Ниа направила ДНК тест и открила дека Крис е татко на Ројалити. Денес двајцата заедно делат старателство, но Крис на почетокот се обидел тоа да го сокрие.

Чак Норис

Додека бил во брак од 1962 година, Чак Норис имал афера со жената Јохана со која подоцна ја добил ќерката Дина. Кога Дина година дена подоцна одлучила да контактира со својот татко и да му ги објасни работите, Јохана тврдела дека Норис не сака да има ништо со нивното семејство.

Дина била истрајна во својата намера и контактирала со Норис, кој веднаш договорил средба.

Диџеј Поли Д

Диџеј Поли Д е познат по учеството во ријалити шоуто Jersey Shore во кое публиката имала можност да види колку раскошно знае да се живее. Поли отсекогаш ги сакал забавите и алкохолот, а една од таквите забави резултирала и со добивање на ќерка.

Аманда Маркерт е девојката со која музичарот спиел, а за ќерката му кажала откако наполнила пет месеци. Поли на почетокот ги негирал ваквите наводи, но по направениот ДНК тест се покажало дека Аманда ја говори вистината.

Арнолд Шварценегер

Славниот актер и политичар Арнолд Шварценегер (71) имал афера со неговата куќна помошничка Милдред, која работела за неговото семејство повеќе од 20 години.

Со години никој ништо не се посомневал, но како што неговиот син Џозеф Бин станувал се поголем, сè повеќе наликувал на славниот актер. По десет години тоа го сватила и сопругата на Шварценегер која побарала развод, а Џозеф и Арнолд до денес се во добри односи.

Еди Марфи

Еди Марфи се обидел да ја негира ќерката која ја добил со поранешната „спајсица“ Мел Би. По направениот ДНК тест, сите очекувале дека актерот ќе почне да учествува во животот на својата ќерка Ангел Ирис, но тој и понатаму одбивал да плаќа. Дури во 2010 година, почнал да биде во контакт ќерка му која денес има 12 години.

Џад Лоу

Џад Лоу добил дете со манекенката Саманта Бурк, но целата работа ја негираl кога веста излегла во јавност. ДНК тестот потврдил дека тој е татко на детето.

Џад Лоу го прифатил договорот и се согласил пред судот дека ќе плаќа по 6000 долари алиментација до 18. роденден на неговата ќерка Софи. Џуди Лоу на ист начин добил дете и со Кетрин Хардинг.

Метју Ноулс

Метју Ноулс е татко на популарната пејачка Бијонсе. Тој бил во брак со нејзината мајка Тина дури 31 година. Во јавноста во 2009 година, излегла жената која тврдела дека Метју е татко на нејзиниот син. Се обидел да ја замолчи со голема сума на пари, но тоа не му пошло од рака. Неговата сопруга потоа побарала развод.

 

Scroll to Top