Холивудскиот глумец Арнолд Шварценегер ја тужи руската компанија „Промобот“ затоа што без дозвола го користела неговиот лик да креира робот што ќе биде негов двојник. Тој бара фирмата да му исплати отштета од 10 милиони долари.
Од компанијата што го застапува Шварценегер е објавено дека руската фирма го злоутребила правото на актерот на појавување во јавност. Тие бараат „Промобот“ да прекине да го користи ликот на Шварценегер и да му исплатат отштета, заедно со приходите од прикажувањето на роботот. Како што се наведува во тужбата, руската компнија користи робот-двојник на Шварценегер на јавни настани и ги рекламира и ги продава своите производи.
Руската компанија рекла дека ќе престане да го користи роботот, но во февруари оваа година тој бил претставен на изложба на играчки во Њујорк, по што Шварценегер решил да ги тужи.