Шведската принцеза Маделин се сели на Флорида

Шведската принцеза Маделин со сопругот и трите деца се сели есенва на Флорида, САД, потврди кралското семејство во Шведска. Семејството таму веќе има куќа за одмор.

Принцезата Маделин (36) претходно живееше во Њујорк и ќе продолжи да работи во „ World Childhood Foundation“, а сопругот Кристофер О Нил, банкар по професија, ко претходно работел во САД ќе ги продолжи своите бизниси во Европа.

Маделин неколку години живееше во САД пред да се омажи за О Нил во 2103 година и во Њујорк се породи со со ќерката, принцезата Леонор која сега има 4 години. После тоа, двојката живееше во Стокхолм, па во Лондон, и добија уште две деца, принцот Никола (3) и принцезата Адријана (4 месеци). Сопругот Онил, по татко Американец, растел во Лондон ,но се образувал на универзитетите Бостон и Колумбија.

Маделин е најмалата ќерка на шведскиот крал Густав и кралицата Силвија, и е седма во редот за тронот, по постарата сестра- принцезата Викторија, братот Карл Филип и нивните деца.

Scroll to Top