Принцот Карл Филип и призцезата Софија од Шведска третпат станаа родители. Кралската двојка објави дека принцезата родила син во болницата Дандерјид во Стокхолм.
„Многу сме среќни и благодарни што добивме трет син. Принцезата Софија и јас, и неговите два постари браќа, со нетрпение го чекавме овој ден. А сега се радуваме што можеме конечно да го запознаеме овој нов мал член на нашето семејство“, стои во изјавата на принцот Карл Филип.
Двојката веќе ги има четиригодишниот принц Александер и тригодишниот принц Габриел. Бебето, чие име за сега не се знае, е седми во редот за да го наследи шведскиот трон.