Сиена Милер е во љубов со 15 години помлад дечко

Актерката Сиена Милер била забележана со нејзиното момче Оли Грин (25) на одмор во Франција. Тие биле фотографирани додека пливале во базен на луксузен хотел.

Инаку, Грин е петнаесет години помлад од Милер, а за нивната врска за прв пат се дозна во март.

Само еден месец пред тоа странските медиуми шпекулираа дека Сиена е во врска со манекенката Кара Делевињ, нејзина блиска пријателка.

Милер има 10-годишна ќерка Марлоу од претходната врска со колегата Том Стариџ.

Scroll to Top