Амбер Херд позираше за насловната страница на последното издание на магазинот Shape, и во интервјуто открива дека силните жени ја спасиле кога таа повеќе не можела да се носи со насилството во нејзиниот личен живот.
Со овие зборови, Амбер го опиша нејзиниот комплициран, бурен и прилично краток брак со холивудската ѕвезда Џони Деп.
“Добив поддршка од силни жени кои стоеја покрај мене кога бев подготвена да се откажам од сè”.
Таа додаде: “Ми требаа луѓе на кои можев да сметам за да го надминам сето ова вознемирување …”
32-годишната русокоса, која во моментов го рекламира својот нов филм “Аквамен”, многу е благодарна за непоколебливата женска поддршка, која ја има добиено во последниве години.
Амбер раскажуваше и за тоа како ја одржува линијата, дека јаде балансирана исхрана и редовно вежба, но според неа најважно е човек да ужива полн живот.
„Ако не се радувате на животот, нема смисла да се храните на одреден начин, нема смисла да работите и воопшто да правите што и да било”, вели таа.