Силвестер Сталоне се прости од Роки Балбоа

Холивудскиот актер Силвестер Сталоне со емотивна порака на „Инстаграм“ откри дека по 40 години ѝ става крај на улогата на боксерот Роки Балбоа.

По четири децении работа, Сталоне на своите фанови им порача дека е време да се прости од улогата.

„Сакам на сите да им се заблагодарам што на семејството Року му дозволивте да влезе во вашите срца во последните 40 години. Ми беше чест да создадам и го глумам овој значаен лик. Иако срцето ми е скршено, за жал сите работи имаат свој крај. Најважно е што Роки никогаш нема да умре, затоа што и понатаму живее во вас“, напишал актерот на социјалните мрежи.

Scroll to Top