Силвестер Сталоне стана најнов член во клубот на Доналд Трамп

Легендарниот американски глумец Силвестер Сталоне (74) стана еден од најновите членови на клубот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Мар-а-Лаго, открил извор близок до него за светските медиуми.

Станоле и претходно бил гостин во клубот на Трамп, а таму го поминал и пречекот на Новата година во 2016 година. Изворот тврди дека го видел Сталоне во клубот минатиот месец.

„Силвестер штотуку стана член на Мар-а-Лаго. Виден е како позира со другарите за да се слика, а сите имаа кренето во воздух стистната тупаница“, вели изворот.

Ѕвездата од филмот „Роки“ во декември 2020 година купил имот од 35 милиони долари во близина на клубот во Палм Бич. Имотот има 1.230 квадратни метри. Се состои од вила со седум спални соби, а напред се наоѓаат 77 метри долго пристаниште за бродови, песочна плажа и базен во дворот.

Сталоне има и куќа на Флорида во Бискејн Беј, но минатата година бил во потрага по недвижност во Палм Бич, каде што на крајот и купил.

 

 

 

Scroll to Top