Синот на Бекамови во љубов со Лекси Вуд

Пред неколку дена 19-годишниот Бруклин, најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам, беше фотографиран како се бакнува со плејбој-моделот Лекси Вуд во Лос Анџелес. Парот беше забележан заедно додека Бруклин се тетовираше. Фотографијата од Бруклин и Лекси навистина ги изненади сите фанови бидејќи сите мислеа дека тој е во љубов со Клои Морец.Во ноември 21-годишната актерка зборуваше за своето момче и нивната врска, дека имаат свој мал приватен свет и дека навистина уживаат во времето што го поминуваат заедно. За Денот на вљубените двајцата објавија фотографии на „Инстаграм“, а минатиот месец Клои објави фотографија со која му честиташе роденден на Бруклин и напиша: „Никогаш не престанувај да се смееш, те сакам.“

Медиумите пишуваат дека дошло до крај на љубовта и дека Бруклин сега е во врска со плејбој-моделот.

Scroll to Top