Синот на глумецот кој го играше Тарзан со нож ја прободе мајка си

Синот на глумецот Рон Илај, што го играше Тарзан во истоимената серија, со неколку убоди со нож ја убил мајка му Валери Илај. Актреот успеал да ја повика полицијата, но кога таа пристигнала, неговиот син Камерон не сакал да се предаде, па четворицата полицајци пукале во него и го убиле.

Не е познато кој е мотивот  на убиството, а полицијата во Санта Барбара покренала истрага.

Инаку, Рон и Валери биле 35 години во брак и имаат три деца. Илај (81) беше звезда во шеесетите, а бил и домаќин на изборот Мис на Америка.

 

Scroll to Top