Премиерот на Канада, Џастин Трудо, престојува во државна посета во Индија, но за време на престојот во таа земја тој бил засенет од неговиот син.
Малиот Адријан повторно го украл шоуто на своите родители, но и на политичарите.
Тригодишниот син на канадскиот премиер инаку е познат по тоа што каде и да се појави, ги собира сите симпатии.
Тој овој пат покажа како треба да изгледа посетата на една држава.