Синот на кралицата доаѓа во Македонија

 

Принцот Едвард, грофот од Весекс, ќе ја посети Македонија на 15 и 16 мај, најавија од британската амбасада во Скопје.

Тој во текот на посетата ќе биде запознаен со примери за помошта што Обединетото Кралство ја нуди за нашата земја во областа на ран детски развој и образование, како и за работа која ги поврзува двете земји во различни области.

Од амбасадата  кажаа дека наскоро ќе излезат во јавност со повеќе детали.

 

Scroll to Top