Синот на Меган и Хари нема да има титула принц

Вчера принцот Хари и Меган Маркл станаа родители. Двојката се уште не го кажала името на синот, но се знае дека тој нема да ја носи титулата принц. Бебето и мајката се добро, а синот ќе биде биде познат како гроф од Дамбартон, со оглед на тоа дека на првиот син на војводата му е дозволено да понесе една од пониските титули на својот татко.

Кралицата Елизабета втора на принцот Хари му даде војводство и го именуваше за гроф од Дамбартон ден по неговата венчавка. Првиот син на Хари и ќе ја наследи  и титулата војводата од Сасекс од својот татко. Но, бебето како и идните деца на Хари и Меган, ќе може да стане принц во моментот кога дедото Чарлс ќе стане крал, а Хари син на монарх.

Scroll to Top