Синот на супермоделот Стефани Сејмур почина од случајно предозирање на 24 години

Синот на супермоделот Стефани Сејмур, Питер Брант, починал од случајно предозирање со дрога. Питер имаше само 24. години, а тажната вест ја потврди неговото семејство.

„Со огромна тага ја споделуваме веста дека нашиот сакан син Хари Брант ја загуби битката со зависноста и почина поради случајно предозирање на лекови на рецепт. Нашите срца се скршени. Хари сакаше да ја надмине својата зависност и беше на само неколку дена од повторно заминување на рехабилитација. Засекогаш ќе бидеме тажни што животот на Хари беше прекинат од оваа разорна болест. Ве молиме да ја дозволите приватноста на нашето семејство додека се обидуваме да се справиме со загубата на нашето убаво, убаво момче“ изјаило семејството за „Њујорк тајмс“.

Брант по стапките на неговата мајка, позираше во кампањи за италијанскиот „Вог“ и „Балмен“. Во интервју за „Вог“ во 2015 година, Брант зборуваше за модата, објаснувајќи дека таа за него претставувала бегство од секојдневната реалност во средното училиште.

Сејмур (52) и нејзиниот сопруг ги имаат и синот Питер Втори (27) и ќерката Лили Маргарет (16).

Scroll to Top