Синот на Вил Смит отвора ресторан за бездомници

Џејден Смит, синот на актерот Вил Смит, сака да отвори ресторан во Лос Анџелес, каде што бездомниците ќе јадат бесплатно. Ресторанот ќе се вика „Те сакам“ (I Love You), како што гласи и неговиот бизнис со камиони со храна, што исто така им ја дава на бездомниците.

„Бездомниците треба да добиваат бесплатна храна. Но, ако не сте бездомник, вие не само што треба да платите, туку и треба да платите за лицето што стои зад вас“, вели Џејден за начинот на кој ќе работи новиот ресторан.

Неговите камиони со храна им служат на бездомниците во Лос Анџелес, а новиот ресторан треба да понуди потрајно решение за оние на кои им треба помош.

Scroll to Top