Скандал среде турнеја на Лејди Гага, кореографот ги малтретирал танчерките

Турнејата на пејачката Лејди Гага е проследена со скандали откако во јавноста се појавија шпекулации дека танчерките кои ја придружуваат пејачката на сцената сакале да ги откажат настапите, поради главниот кореограф Ричард Џексон. 43-годишниот кореограф ја користел својата моќ за го понижи персоналот.

Танчерката Керолин Дајмонд во видео тврди дека била злоупотребувана и посрамотена, со што таа ужасно се чувствувала на работното место.

„Гага беше мојот сон и го остварив. А овој човек го прави мојот сон кошмар“, изјавила танчерката.

Музичкиот магазин „Ролинг Стоун“ тврдеше дека десет танчери се изјасниле против Џексон. Новинарите разговарале со пет танчери кои ги повториле тврдењата дека Џексон создавал токсична работна средина, небезбедно и нездраво работно место.

Двајца од танчерите изјавиле дека тоа довело тие да се откажат од она што било нивна работа од соништата. Сите танчери кои испратија обвинувања против кореографот зборуваа со воодушевување за Гага и истакнаа дека таа нема никаква врска со ситуацијата, бидејќи не била присутна на многу проби на танчерите со Џексон.

Тимот на пејачка Гага по тврдењата на танчерите за магазинот „Ролинг Стоун“ сега сериозно ја сфати загриженоста на танчерите и ги разгледуваат нивните наводи.

Пејачката Лејди Гага во моментов е на музичка турнеја, таа последно одржа концерт во Стохолм. Модните критичари велат дека Гага повторно се вратила на екстремната мода. Таа на сцената во арената „Френдс“ во Стохолм се појавила во неколку костими инспирирани од киберпанк.

 

Scroll to Top