Скарлет Јохансон за мајчинството: со мојата ќерка како да бев во емотивно навредлива врска

Познатата холивудска актерка Скарлет Јохансон проговорила за тоа како е да се биде родител на тригодишно дете. Актерката зборувала многу отворено, и не ги криела чувствата со кои се справува како мајка на тригодишно дете. Таа објасника како се чувствува во врска со нејзината ќерка која ја опиша како „емоционално навредлива“.

Актерката зборувала за предизвиците на мајчинството како гостинка во емисијата The Skinny Confidential Him & Her Podcast. Јохансон е мајка на две деца, осумгодишната ќерка Роуз која ја имаше со нејзиниот поранешен партнер Ромен Дуриак и едногодишниот син Космо со сопругот Колин Јост.

Таа се присетила на моментот кога нејзината перспектива за мајчинството се променила веднаш кога нејзината ќерка наполнила три години.

„Се сеќавам кога ќерка ми имаше две години. Се беше како што треба, не разбирав за што зборуваат другите родители, а потоа таа наполни три години. Тогаш се почувствував како да сум во емотивно навредлива врска“, искрено изјавила актерката.

„Беше многу интензивно, емотивно, заповедно и непопустливо, едноставно лудо“, се присетила таа на однесувањето на нејзината ќерка кога имала три години.

Јохансон потоа ги сподели своите размислувања за нејзиниот едногодишен син, опишувајќи го како слатко бебе.

„Бебињата се прекрасни. Тие седат и те сакаат. Од нив добивате само љубов“, рекла таа.

Скарлет истакнала дека не секогаш се чувствувала така кога ја воспитувала својата ќерка.

„Добивате многу болки од мали деца, деца на возраст од една до четири години. Сè што правите е погрешно“, објаснила таа, а пренесува „Индипендент“.

Scroll to Top