Славните добиле милиони од фотографиите на своите деца

Фотографиите од бебињата на Анџелина Џоли и Бред Пит вредат милиони, а светските магазини се тркаат кој попрво ќе ги има на нивната насловна страница.

Ваквата ексклузивност на еден магазин чинела 14 милиони долари. За фотографиите на своето прво дете оваа поранешна двојка инкасира 4 милиони долари. Два милиона долари го чинело магазинот „Пипл“ прв да ги покаже фотографиите на посвоените деца на Анџелина Џоли.

Магазин во 2008 година платил 6 милиони долари за првите фотографии на Макс и Ема, близнаците на Џенифер Лопез.

Актерот Метју Меконахи позирал во 2008 година со својата сопруга и штотуку родениот син Леви Алвес. Фотографиите ги продале за 3 милиони долари.

Џесика Алба своето прво дете го претстави на публиката во магазинот ОК за 1,5 милион долари.

 

Scroll to Top