Снуп Дог вработува професионален виткач на џоинт

Американскиот рапер Снуп Дог, кој во јавноста е познат како еден од најголемите поддржувачи и љубители на марихуаната, неодамна објави јавен повик за вработување „професионален виткач на џоинти“. На гостувањето во шоуто на Хауард Стерн, Снуп откри дека станува збор за постојано работно место со годишна плата меѓу 40.000 и 50.000 долари.

„Ако сте навистина добри во тоа што мене ми треба, ја имате работата“, рекол Снуп.

Тој додаде дека ангажираниот работник ќе може да пуши марихуана колку сака и дека ќе треба секаде да патува со него.

Инаку, Снуп Дог, кој неодамна наполни 48 години, за роденден доби букет од 48 завиткани џоинти, специјално аранжирани за него од дизајнерката на цвеќе Лесли Кеј Минрој.

Scroll to Top