Со мојот Дилан се видовме неколку дена пред да умре, Бренда раскажа за пријателството со Лук Пери

Неколку дена по смртта на Лук Пери, глумицата Шенон Доерти за магазинот „Пипл“ првпат раскажа за пријателството со „нејзиниот Дилан“. Таа изјави дека срцето ѝ е скршено и дека сè уште е во шок по веста дека актерот со кого се видела неколку дена претходно, починал. Таа и Лук Пери ги глумеа Бренда Волш и Дилан Мекеј во тинејџерската хит-серија „Беверли Хилс“ на почетокот на 1990-тите години.

„Бевме на ручек, во мирен ресторан што го избра Лук, каде што можеше да влезе со неговото куче Пени. Кога влегов во ресторанот тој се смеееше, беше среќен. Никогаш нема да ја заборавам таа насмевка. Ми рече: Здраво Шен“, раскажала Доерти.

Додека давала интервју за „Пипл“, глумицата неколкупати заплакала.

„И понатаму сум во шок, скршена по смртта на мојот пријател. Имам многу спомени со Лук што ме тераат да се насмеам. Сите тие ќе бидат засекогаш врежани во моето срце. Тој беше паметен, тивок и скромен маж со златно срце, исполнето со љубов за сите, најмногу за неговите деца“, рекла таа.

Шенон открила дека на нивните средби Лук често зборувал за неговите деца, синот Џек (21) и ќерката Софи (18).

„Лук си го обожаваше децата. Не престануваше да зборува за нив, да кажува колку е горд на сΦ што прават. Често ми покажуваше нивни слики и видеа. Тие беа неговото срце и ги сметаше за свој најголем успех во животот“, додала Доерти.

Иако таа и Пери престанале да контактираат неколку години по снимањето на серијата, повторно почнале да се дружат во 2015 година, кога Шенон јавно откри дека ѝ е дијагностициран рак на дојката.

„Ми се јави во времето кога се борев со ракот. Кога се видовме првиот пат имав чувство дека никогаш не сме престанале да комуницираме. Иако поминаа многу години по последната средба, врската меѓу нас како никогаш да не била прекинала“, рекла таа.

Лук Пери почина на 4 март откако неколку дена претходно доживеа мозочен удар. Актерот имаше 52 години.

Scroll to Top