Со приватен авион и скапа чанта, во Венеција пристигна Георгина Родригез

Георгина Родригез со приватен авион пристигна во Венеција за да присуствува на филмскиот фестивал.

Вереницата на фудбалерот Кристијано Роналдо, на Инстаграм се пофали со фотографии на кои позира пред и внатре во авионот.

„Тука сум“, напиша Георгина.

За време на патувањето таа била облечена во црна маица и тесно шарено здолниште, а носела и црни штикли со отворен врв.

Оваа фотографија беше инспирација за модните критичари кои го коментираа нејзиниот скап моден додаток.

Станува збор за црвена чанта Хермес Биркин, една од најскапите чанти во светот која чини околу 11,5 илјади евра. Цената на оваа чанта варира поради големината, видот на кожата, земјата на продажба, бојата и моделот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

На црвениот тепих таа се појави сами облечена во црн миди фустан со гол грб и златна тока на вратот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Scroll to Top