Софија Вергара објави фотографија по напорната операција која ја направи, нејзиното ново момче се грижи за неа

Актерката Софија Верагара неодамна имаше операција на коленото, а сега откри како се чувствува.

Имено, таа на Инстаграм објави видео на кое се гледа како лежи во бањарка во својот дом, а ногата и е преврзана.

Актерката неодамна на споменатата социјална мрежа откри дека била оперирана, а за неа се грижи нејзиното ново момче, ортопедскиот хирург Џастин Салиман.

„Ако некогаш имате голема операција на коленото, погрижете се таа вечер да спиете со жежок лекар… Те сакам“, напишала Софија покрај фотографијата на Салиман.

Минатата година Вергара се разведе од Џо Манганел по седум години брак, а со Џастин за прв пат беше видена во октомври 2023 година.

Scroll to Top