Софистициран стил на Меган Маркл

Нејзиното последно појавување во јавноста ќе остане забележано како дефиниција за совршен деловен изглед.

За време на еден настан, каде што се појавила како придружничка на принцот Хари, Меган на себе носела беж фустан во пруги, во комбинација со црни салонки. Модните креатори биле со пофални коментари. Покрај тоа што таа изгледала многу софистицирано, боите се усогласиле и со нејзиниот свршеник.

Американската актерка Меган Маркл е позната по своите одлични избори на облека, а за тоа доказ се и фантастичните капути што ги носеше за време на студениот период.

До големата кралска венчавка има нешто помалку од еден месец и сите со нетрпение чекаат да видат во каква венчаница ќе се појави Меган.

 

 

Scroll to Top