Сопругата на Ди Марија, не сакала фудбалерот да игра за Манчестер Јунајтед

By

Сопругата на фудбалерот Ангел Ди Марија, Јоргелина Кардосо, не сакала да замине во Англија со нејзиниот сопруг, кога Аргентинецот потпиша договор да игра за Манчестер Јунајтед.

„Му реков дека нема шанси да одиме заедно во Манчестер и дека може слободно да си оди сам. Се расправавме долго време, но ми кажа дека многу пари беа во игра. Во Шпанија за нас збореа дека сме биле грабливци“, открила Кардосо во емисијата Los Angeles de la manana.

Таа откри дека заедно со сопругата на Серхио Агуеро, колегата од репрезентацијата на Ди Марија, го разгледале градот Манчестер и вели дека им бил ужасен.

„Не можев да опишам колку беше гаден. Вистинска дупка. Му кажав и на сопругот. Му реков дека може да оди било каде, само не во Англија“, изјавила Кардосо.

Кардосо вели дека сите жени и биле слаби и чудни. Кога шетале по улицата, таа вели дека не се чувствувала безбедно. Храната ѝ била одвратна. Животот во Манчестер ѝ бил целосна спротивност од оној во Мадрид.

„Во Мадрид ни беше прекрасно, а Ангел играше одлично во дресот на Реал Мадри, најдобриот клуб во светот. Таму ни беше совршено. Начинот на живот, климата, храната. Потоа завршивме во Англија, во најлошиот дел“, вели таа.
На „Олд Трафорд“ Аргентинецот играше само една сезона, а веројатно причината за краткото време во тимот на „црвените ѓаволи“, била неговата сопруга.
Ангел Ди Мариа има богата фудбалска кариера. До 32. година тој ја освои Лигата на шампиони, беше вицешампион со Аргентина и има играно во најголемите европски клубови.

 

Ќе ви се допадне