Сопругата на Вил Смит е зависна од порнографија

Глумицата Џејда Пинкет Смит, сопруга на холивудскиот актер Вил Смит, признала дека била зависна од порнографија пред да се омажи за глумецот. Таа признава дека порано сакала да „пополни некоја празнина во душата“ и дека тоа го правела така што апстинирала од секс и само гледала порнографија.

„Во еден момент сфатив дека никогаш нема да ја исполнам таа празнина, зашто порно-филмовите ги прикажуваат луѓето во лажна слика“, рекла Џејда во интервју, па додала дека и сега гледа порничи, но многу ретко.

Џејда и Вил Смит се во брак 22 години и имаат две деца, синот Џејден и ќерката Вилоу.

Scroll to Top