Рајан Дорси, поранешниот сопруг на глумицата Наја Ривера, која се удави пред два месеца, почна да живее со нејзината сестра Никајли и заедно се грижат за неговиот 5-годишен син. Според американските медиуми, тие се во љубовна врска, а неодамна биле сликани како се држат за раце додека шетаат низ трговски центар.
И покрај објавените слики и пишувањата на медиумите, Никајли демантира дека се заедно. Таа на „Инстаграм“ напиша дека со Рајан се пријатели и го прават тоа што е најдобро за детето.
„Во најмрачното време од мојот живот, единственото што е важно се моите пријатели и семејството. Да бидам тука за мојот внук, иако не можам ни за себе. Не ме интересира како изгледаат работите, бидејќи никој не може да го види секој тежок момент низ кој поминуваме сите. Најважното што го научив од сето тоа е да покажуваме сочувство, да не ги осудуваме другите и никогаш да не го земаме момент од животот здраво за готово. Се надевам дека сите ќе можете да го направите истото“, напиша таа.
Дарси и Ривера од кусиот брак го имаа синот Џоси. Тој беше со неговата мајка кога таа се удави. Детето подоцна рече дека ја слушнало неговата мајка како повикува напомош пред да исчезне во езерото. Оттогаш таткото се грижи за синот.