Сопругот на Ники Минаж е осуден затоа што не се регистрирал како сексуален престапник

Сопругот на американската раперка Ники Минаж, Кенет Пети, е осуден на година дена домашен притвор, условна казна, затоа што не се пријавил како сексуален престапник во Лос Анџелес.

Пети е уапсен во 2020 година, а година дена претходно требало да се регистрира како сексуален престапник во Калифорнија. Но, тој тоа не го направил.

Според американските медиуми, минатата година ја признал вината за обвинението кое го добил. Морал да плати и казна од 55.000 долари.

За потсетување, Кенет е обвинет за обид за силување во 1994 година. Според законот тој морал да се регистрира како сексуален престапник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbie (@nickiminaj)

Џенифер Хуг минатата година раскажа низ што сè минала со Пети кога имала 16 години. Таа тврди дека ѝ се доближил на автобуска станица ѝ извадил нож ѝ ја однел дома каде што ја силувал.

Ники во негова одбрана напиша дека двајцата во тоа време биле малолетни.

„Тогаш Кенет имаше 15, а таа 16 години. Беа во врска. Не можете да ми го уништите животот. Не можете дури ни да имате сопствен живот“, напиша Минаж пред неколку години.

Scroll to Top