Сопругот на Селма Хајек ќе донира 100 милиони евра за да се обнови Нотр Дам

Сопругот на Селма Хајек, францускиот бизнисмен Франсоа Анри-Пино, ќе вложи 100 милиони евра за обновување на катедралата Норт Дам во Париз што гореше вчера. Тој ова го објави по емотивниот говор на претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој вети дека катедралата ќе биде обновена.

56-годишниот милијардер, кој е директор на компанијата што поседува модни брендови како „Гучи“, „Ив Сен Лоран“ и „Луј Витон“, откри дека сака познатата катедрала да ја види во целиот нејзин сјај и повторно да стане обележје на Париз.

Богородичната црква е една од највредните градби во Франција. Таа е стара повеќе од 850 години и во себе содржи непроценливо културно наследство, а пожарникарите успеале да ги спасат сите вредни уметнички дела и реликвии.

 

Scroll to Top