Состојбата на Мадона била толку сериозна што нејзините роднини се подготвувале за најлошото, изјавил член на семејството за Дејли Мејл.
Братучедот на Мадона се огласи по веста дека пејачката минатиот викенд итно била пренесена во болница.
„Во изминатите неколку дена никој не знаеше во кој правец ќе се движи, ситуацијата беше толку сериозна што се подготвувавме за најлошото. Затоа криевме се од саботата. Верувавме дека може да ја изгубиме. Ова беше шок. Мадона верува дека е непобедлива и многу се подготвуваше за турнејата, се премори себеси“, изјавил братучедот на Мадона за Дејли Меил.
Да потсетиме, минатиот викенд Мадона беше пронајдена без свест во нејзиниот дом во Њујорк и итно беше пренесена во болница.
Пејачката развила сериозна бактериска инфекција што довела до неколкудневна интензивна нега, објави менаџерот на Мадона, Гај Озири на Инстаграм.