Спајк Ли е првиот црнец претседател на жирито во Кан

Американскиот режисер Спајк Ли ќе биде претседател на жирито на филмскиот фестивал во Кан, пишуваат француските медиуми. Тој изјави дека е „шокиран, среќен и истовремено горд“ што ја добил поканата од фестивалот.

Изборот на Спајк Ли се случи еден ден по критиките за номинацијата за Оскарите дека се „игнорира работата на режисерите и актерите од малцинските групи во САД“.

Ли во текот на изминатите години во Кан имаше премиера на седум свои филмови. Се очекува на годинешното издание на фестивалот во Кан тој да биде награден со Златна палма за целото свое творештво.

Scroll to Top