Амерканскиот режисер Спајк Ли му оддаде почит на кошаркарот Коби Брајант со својата облека на Оскарите. Тој носеше виолетов костум со жолти ревери на кои беа извезени бројките 2 и 4.
Кошаркарската легенда, која загина во хеликоптерска несреќа минатиот месец, носеше дрес со број 24 додека играше за Лос Анџелес Лејкерс.
Освен што важи за голем фан на НБА, Ли сними и документарец за Брајант во 2009 година. Брајант пред две години освои Оскар за најдобар краток анимиран филм.