Спајс грлс и Битлси помеѓу 27 -те изведувачи кои ќе настапат на церемонијата за крунисување на Чарлс Трети

Крунисувањето на британскиот крал Чарлс III, ќе се одржи во мај, а на Спотифај се појави официјалната плејлиста со изведувачи на церемонијата.

На списокот се уметници чии песни ќе ги отпеат на крунисувањето на новиот британски крал, меѓу другите се и Битлси, Дејвид Боуви, Квин, Колдплеј, Ед Ширан, Бони М, Хари Стајлс, но ќе има и поп бендови како Тејк Дет, Спајс грлс, Пет шоп бојс.

Плејлистата е рачно избрана од Британскиот оддел за дигитални, културни медиуми и спорт, а интересно е што на неа го нема еден од најголемите бендови во историјата на Велика Британија, Ролинг Стоунс.

Крунисувањето на Чарлс ќе се одржи на 6 мај во Вестминстерската опатија, а вториот ден, на 7 мај, ќе има прослава во замокот Виндзор, која директно ќе ја пренесува Би-би-си.

Scroll to Top