„Спајс грлс“ одбија да пеат со Адел

Членките на најпопуларната женска група „Спајс грлс“, Мел Би, Гери, Ема и Мел Си, одбиле да пеат со Адел на нивниот концерт во Лондон, откри Мелани Би. Таа за британските медиуми рекла дека девојките знаеле дека Адел ќе дојде да ги гледа, па четирите заедно решиле дека за нив е најдобро да не ја поканат на сцената.

„Слушнавме некои гласини дека сакала да ја испее песната 2 Вecome 1. Одбивме, бидејќи, кој би сакал да пее покрај Адел“, рекла Мел Си и додала дека девојките биле по малку исплашени дека ќе ги засени со нејзиниот глас.

Инаку, Адел честопати изјавила дека е голем фан на „Спајс грлс“ и дека тие ја инспирирале да почне да пее. По концертот, таа објави неколку видеа и слики и се пофали дека конечно ја запознала Гери.

„’Спајс грлс’ последен пат ги видов на стадионот Вембли пред 21 година. Вечерва сум со моите најдраги и плачев, па се смеев, танцував и се заљубив во десетгодишната во мене. Конечно ја запознав Гери, се напив со девојките и не можам да верувам дека колку далеку сум стигнала. Благодарам за ова лудило кое го живеам, не би го можела тоа без вас, пет британски легенди. Ве сакам“, напиша Адел на „Инстаграм“.

Scroll to Top