Филмскиот режисер Стивен Спилберг откри кои му се најомилените актери во историјата на Холивуд, а на листата нема ниту еден со кого соработувал.
Во разговор со колегата Стенли Кјубрик откри дека има соработувано со многу актери меѓу кои и Леонардо ди Каприо и Том Круз, но ниту еден од нив не се најде на неговата листа на омилени актери.
Прв на листата е Спенсер Трејси, познат по улогите во филмовите „Погоди кој доаѓа на вечера“ и „Таткото на мојата невеста“. Потоа е Хенри Фонда, која глуми во „Беше еднаш на Дивиот запад“. Џими Стјуарт исто така се најде меѓу нив, а најпознат беше по улогата во филмот „Прекрасен живот“.
На списокот се најде и Гери Грант познат по улогата во филмот „Север-северозапад“. Последен омилен глумец му е Кларк Габл, кој глумеше во „Однесено со виорот“.