Срцето ми е скршено за синот и сопругот на Халина, рече Алек Болдвин откога случајно уби снимателка

Актерот Алек Болдвин вели дека е во тажен и во шок откако на сетот на неговиот нов филм „Р’ѓа“ случајно ја уби снимателката Халина Хачинс, а го рани режисерот Џоел Соуза. Инцидентот се случил на пауза од снимањето, додека Болдвин го чистел својот пиштол-реквизит.

„Моето срце е скршено за нејзиниот сопруг, нивниот син и сите кои ја познаваа и сакаа Халина. Немам зборови да го изразам мојот шок и тага во врска со трагичната несреќа што го однесе животот на Халина Хачинс, сопруга, мајка и наша колешка на која длабоко се восхитуваме“, напиша тој на Твитер и рече дека му понудил помош на сопругот на снимателката.

Глумецот по убиството сам се пријавил во полиција и дал изјава. Локалните медиуми објавија дека Болдвин пред канцеларијата на шерифот цело време плачел.

„Целосно соработувам со полициската истрага за да дознае точно како се случи оваа трагедија“, додал глумецот.

По пукањето Хачинс беше пренесена во болница со хеликоптер, но почина од здобиените повреди. Повредениот режисерот Соуза со возило на брза помош е однесен на лекување, но за сега не се открива каква е неговата здравствена состојба.

 

 

 

 

 

(Фото) Алек Болдвин случајно уби снимателка на снимање на филм и го рани режисерот Џоел Соуза

Scroll to Top