Сталоне снимил еротски филм и го продал кучето за да купи храна

Холивудскиот глумец Силвестер Сталоне во раните деведесети години минал низ тежок период во животот. Живеел во сиромаштија и очајно му требале пари. Бил принуден да глуми во ертоски филм, а хонорарот го потрошил да плати соба да може да спие во мотел. Немал пари ниту за храна, па морал да го продаде своето куче Бутукс.

„Ако не ја прифатев улогата ќе спиев на автобуска станица, а парите за кучето ги потрошив за храна“, се присетува Сталоне.

Признава дека му  билотешко кога останал без пари, но верувал дека секој сон може да се оствари, ако навистина се верува во него.

„Кога некој навистина сака нешто, ќе најде начин тоа да го оствари“, вели Сталоне. За мене работите се променија преку ноќ. Успеав да го продадам сценариото за филмот „Роки“ и можев да си го откупам кучето. Го продадов за 40 долари, само за да купам храна. Новиот сопственик знаеше колку сум очаен и бараше 15.000 долари за него. Но Буткус вредеше за секој цент“, изјавил Сталоне.

 

 

Scroll to Top