Старата љубов на Кери Бредшо во новото продолжение на „Сексот и градот“

Славниот американски актер Џон Корбет, ќе игра во новото продолжение на култната серија „Сексот и градот“ под името And Just Like That.

Во серијата тој го глуми ликот на Ејдан, поранешниот свршеник на Кери Бредшо, а во интервју за Page Six, потврди дека се враќа на старата улога.

Актерките Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис уште еднаш ќе ги оживеат улогите што ги направија славни во новото издание на серијата. Во новото продолжение нема да ја видиме само актерката Ким Картал, која ја играше улогата на Саманта Џонс.

Таа не прифатила да работи какви било идни проекти поврзани со серијата поради недоразбирањата кои ги имаше со актерката Сара Џесика Паркер.

Корбет ја прокоментира целата ситуација, велејќи дека никогаш не забележал напнатост за време на снимањето на серијата, но истакна дека повеќето сцени ги снимал со Сара Џесика Паркер, додека само една снимал со другите хероини.

„Тие секогаш беа љубезни со мене. Останатите девојки ги запознав малку подоцна, но секогаш имавме убави разговори“, откри актерот.

 

Scroll to Top