Стефано Габана: Селена Гомез е грда

Стефано Габана е еден од малкумината кој јавно се осмелуваат да упатат навреди кон Селена Гомез на социјалните мрежи.

Основачот на Долче и Габана тоа го направи јавно откако коментираше на профилот на италијанскиот „The Catwalk Italia“, каде Гомез може да се види во разни црвени фустани.

„Ī proprio brutta!”, напишал под постот, што во превод значи „Таа е навистина грда”.

Стефано Габана одговорил и на еден од коментарите на фотографијата и ја споредил пејачката со куче од расата Померанци.

Голем број од обожавателите на Селена Гомез пробаа да ја одбранат и да го навредат Стефано Габана.

Самиот дизајнер има историја на навреди упатени кон познати личности, а меѓу неговите „жртви” се Мајли Сајрус и Кејт Мос.

Scroll to Top