Стинг и Кајли Миног ќе пеат на роденденот на кралицата Елизабета

By

На 21 април кралицата Елизабета Втора ќе го прослави 92. роденден со концерт во живо во „Ројал Алберт хол“. Помеѓу изведувачите ќе се најдат познати имиња како Стинг, Том Џонс, Крег Дејвид, Шеги и Кајли Миног.

Концертот ќе се пренесува на телевизијата „Би-би-си уан“, а аудиопренос ќе има на радиото на Би-би-си.

Стинг и Шеги ќе настапат заедно за да го честитаат роденденот на британската кралица. Тие најавија дека годинава ќе издадат заеднички албум, па може да се очекува дека на сцената да биде изведена и некоја песна од албумот кој е во подготовка.

 

Ќе ви се допадне