Стинг, Том Џонс, Кајли Миног, со концерт за 92 роденден на кралицата Елизабета

By

Кралицата Елизабета II ќе присуствува на специјалниот концерт на светските музички ѕвезди Том Џонс, Кајли Миног, Стинг, по повод нејзиниот 92 роденден.

Кралската роденденска забава како што ќе биде наречен концертот, ќе се одржи во Лондонскиот Алберт сала.

Овој настан ќе биде од исклучително значење, затоа што обично кралицата родендените ги прославува приватно, со помали јавни прослави. Единствено нејзиниот 90 роденден беше прославен ширум земјата.

Концертот ќе биде одржан на крајот на неделата кога ќе се сретнат и лидерите на 53 земји, членки на Комонвелта, пренесува Ројтерс.

Таа има и официјален роденден во јуни, кој јавно се обележува со голема парада во центарот на Лондон.

 

 

 

Ќе ви се допадне