Познатиот писател на хорор-романи Стивен Кинг тврди дека повеќето номинации, но и победниците на „оскарите“ се наместени во полза на белците. Тој ги коментираше критериумите за доделувањето на наградите на Американската академија за филмска уметност и наука, велејќи дека Академијата и оваа година намерно избрала повеќето номинирани да се мажи и белци.
„Оценувањето на нечиј труд по кој било друг стандард, освен потполна непристрасност, е навредливо и го поткопува трудот на сите исклучителни уметници. Не живееме во совршен свет, а годинашните номинации за ‘оскарите’ го потврдија тоа уште еднаш. Можеби еден ден ќе живееме во совршен свет? Можеме да сонуваме за тоа, нели? На крајот на краиштата, јас си го заработувам лебот со измислување приказни“, вели Кинг.
Тој на „Твитер“ напиша: „Кога гласам за некое остварување како член на Академјата, половата и расната разноликост воопшто не ги земам предвид во поглед на уметноста. Само квалитетот. Сметам дека секој друг начин е погрешен.“
Ваквиот став на Кинг ги налути неговите колеги.
„Аман, Стивен, аман. Сметав дека си подобар од ова. Би требало да е очигледно дека разноликоста и квалитетот не се две одвоени особини, ниту, пак, се исклучуваат една со друга. Освен, можеби, во главата на еден фанатик“, ми искоментира писателката Нора К. Џемисин, која е Афроамериканка.
Инаку, Кинг, кој е член на Академијата, можеше да номинира филмови во три категории: Најдобар филм, Најдобро адаптирано сценарио и Најдобро оригинално сценарио.